Кружен тек на крстосницата „Панини“

Водејки се од потребите и барањата на граѓаните и учесниците во сообраќајот објавуваме дека изработен е Основен проект за „Изградба на кружен тек“ на крстосницата која ги поврзува улиците Благој Ѓорев, Наум Наумовски – Борче и Прва Комуна или на локацијата која граѓаните ја знаат како „Панини“.

Анализата на стручните служби во изминатиот период покажале дека токму овој потег претставува тесно грло, каде имаме најголем застој во сообраќајот и затоа одлучивме да се изгради кружен тек со кој ќе се регулура протокот и безбедноста на сообраќајот.
Новиот кружен тек ќе биде со вкупна широчина или дијаметар од 26 метри. При тоа внатешниот круг (ротондата) ќе биде со дијаметар од 14 метри, додека околу него ќе биде поставена сообраќајница која ќе има широочина од 6 метри, освен на еден потег каде ќе биде 6,5 метри.
Изградбата на објектот се очекува да изнесува околу 4 милиони денари, средства кои се предвидени во Буџетот на Општина Велес.
Досегашните искуства поикажуваат дека кружните текови се најдобро сообраќајно решение во моментов.

Во наредниот период по изградбата на овој кружен тек, согласно сообраќајната студија за подобро одвивање на сообраќајот во Велес, ќе се градат уште 2 кужни текови. На крстосницата во близина на ЕВН и на крстосницата каде сега се поставени семафорите.