Градоначалникот Чадиев приреди Ифтар вечера
По Повод Рамазските пости, Градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев во Фазли Ахмет Пашина Џамија или попозната како Црна Џамија приреди Ифтар вечера за граѓаните на Велес и околните населени места кои се од исламска вероисповед.
Ваквите настани дополнително ги зближуваат граѓаните и придонесуваат за подобрување на соживотот во градот кој и така е на многу високо ниво.
Ифтар вечерата е перидот кога муслиманите го прекинуваат Рамазанскиот пост, откако во текот на денот не консумирале храна.