Панихида во чест на Андреја Дамјанов

Во црквата „Свети Великомаченик Пантелејмон“ денеска се одржа панихида во чест на големиот неимар Андреја Дамјанов. Повод за одржување на настанот, кој беше во организација на Општина Велес, е одбележување на 204-тата годишнина од неговото раѓање. Панихидата во храмот кој е едно од најубавите дела на Дамјанов ја извршија свештениците од Повардарската пеархија.

Делегациите кои денеска присувствуваа на одбележувањто положија и свежо цвеќе пред гробот на градителот.