Во Сливник ќе се гради канализација

Градоначалникот Славчо Чадиев и претстаници од Одделението за комунални дејности во Општина Велес денеска одржаа средба со жителите на населеното место Сливник. Повод е почеток на изградба на канализационен систем. Проектот е готов.

Градоначалникот Чадиев денеска го презентираше пред локалното население. Главната линија во должина од 1118 метри се очекува да започне да се гради многу брзо. Единствено претходно е потребно овластено геодети да извршат одбележување на трасата. Откако ќе се постави главната линија потоа ќе се премине на втората фаза, поставување приклучоци за домаќинствата.