Пуштена во употреба петтата зграда на Хабитат во Велес
12 семејства со ниски примања кои ќе живат во новата петта зграда на „Хабитат“ во Велес, денеска ги добија клучевите на рака со што и официјално станаа корисници на становите. На настанот присувствуваше Градоначалникот Славчо Чадиев.
Тој на семејствата им го честиташе овој голем ден за нив, а воедно пред присутните истакна во моментов Општина Велес уредува една од улиците која води до населбата и за многу скоро време таа ќе биде асфалтирана, а потоа ќе се премине и на втората. Освен Градоначалникот Чадиев на чинот на доделување на клучеви присувствуваше и Вицепремиерот Анѓушев, претставници од Хабитат Македонија, УСАИД и еден тим од волонтери. До крајот на годинава се очекува за започне изградбата и на шестата зграда со уште 12 станови.