Одбележани 66 години од смртта на Панко Брашнаров
Велес денеска одбележува 66 години без Панко Брашнаров. Народниот учител ,револуционер, сведок на два Илиндена, делегат кој го отворил Првото заседание на АСНОМ, а воедно бил избран и за претседател на президиумот во Прохор Пчински, место каде се поставени темелите на Македонската држава.
Делегации од Општина Велес денеска положија свежо цвеќе на споменикот подигнат во негова чест. Пред присутните се одржа и пригоден говор во кој беше потекциран неговиот лик и дело,како и огромното начење кое го има во историјата на Велес и Македонија. На 13 јули 1951 година неговиот живот згаснува на Голи оток.