Партерно уредување на простор пред згради на ул:Благој Ѓорев“

Завршено е партерното уредување на просторот пред зградите на улица „Благој Ѓорев“ спроти трговскиот центар. Со бекатон плочки е уреден опфат со површина од 300 метри квадратни. Зафатот е дел од Програмата за работа на Општина Велес. Од денеска граѓаните на Велес кои живеат во овој дел од градот имаат подобри услови.

Просторот помеѓу зградите беше со земјена подгога која по секој дожд се претвораше во кал. Тоа е минато. Дел од уредената површина дозволува да се користи и за паркинг простор со што ќе се реши и ова прашање.