Партерно уредување на улица 11 Октомври

Големо партерно уредување помеѓу зградите на улицата 11 Октомври. Со бекатон коцки ќе биде опфатена површина од 1150 метри квадратни, во вредност од 1,2 милиони денари, средства од Буџетот на Општина Велес Градоначалникот Славчо Чадиев денеска беше на лице место и изврши увид во почетокот на работите. Граѓаните кои живеат во тој дел на градот се задоволни, велат дека уредувањето на овој простор ќе им ги подобри условите за живот и престој.

Освен бекатон коцки, ќе се постават ивичници и нова урбана опрема. Со уредување на просторот воедно ќе се попречи и движењето на моторните возила кои досега наместо по улицата, во обид за скратат дел од патот, поминуваа пред зградите каде возрасните и децата го поминуваат дел од нивното слободно време.