Признание за Општина Велес од Мала Преспа
Здружението на Македонците по потекло од Албанија „Сонце“ кои се организатори на манифестацијата „Македонско културно лето“ на Општина Велес и додели Признание за поддршка и промоција на македонскиот културен идентитет во Р. Албанија.
Врачувањето на признанието се совпадна и со отворањето на 10-тото издание на оваа манифестација.
Општина Велес секоја година го поддржува „Македонското културно лето“ кое се одржува во Пустец - Мала Преспа. Главна причина за тоа е настапот на Театар Џинот со кој се врши промоција на културните вредности на Велес надвор од границите на државата, а уште позначајно е што тоа се прави пред Македонците кои живеат во Мала Преспа.
Оваа година Театар Џинот ќе настапи со претставите „Театар љубов моја“ и „Синиот портокал“.