Градоначалникот Чадиев на средба со жителите од Иванковци
Градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев денеска во посета на Иванковци. Со претставници на месната заедница и со останатите жители во едно од најголемите населени места во Општината се дискутираше за многу актуелни прашања. Мештаните на Градоначалникот му ги кажаа нивните приоритети и проекти со чија што реализација корист ќе имаат сите во селото.
Ваквите средби се редовни. Градоначалникот Чадиев редовно ги одржува во поголем дел од населениете места за од прва рака да се информира за потребите и барањата на месното население.