Одбележани 68 години од егзодусот на Македонците во Грција

Пред спомен плочата на 105-мината загинатите борци од Велес и велешко денеска се одбележаа 68 години од завршувањето на Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година. Организатор на настанот е Здружението за заштита на човековите права на прогонетите од Егејскиот дел на Македонија „Ѕвезда“ од Велес.

Во чест и почит кон загинатите борци на спомен плочата што се наоѓа наспроти Гимназија цвеќе положи Градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев, претставници на здруженијата на Македонците од Егејскиот дел на Македонија од Велес, Штип, Битола, Струмица итн. Во Граѓанската војна во Грција, Македонците од Егејскиот дел на Македонија земале масовно учество. Од 35 илјади учесници во Демократската армија на Грција 15 илјади биле Македонци.