Илинденскиот марш во петок пристигнува во Велес
39-тото издание на „Илинденскиот марш“ во петок помине ќе низ Велес. Коњаниците по традиција ќе застанат пред споменикот на велешките војводи илинденци. Делегации ќе положат свежи цвеќе пред споменикот на Јован Наумов -Алабакот, Андреја Димов- Докурчев и Тодор Христов – Офицерчето во центарот на градот.
Општина Велес ги пповикува сите граѓани кои сакаат да бидат дел од настанот да дојдат во центарот на градот во 18:30 за која е најавено пристигнување на коњаниците.
По дочекот учесниците на „Илинденскиот марш“ ќе преноќат во Велес, а потоа преку Чашка ќе се упатат кон Крушево на одбележување на Илинден.