Велешани ги пречекаа коњаниците од Илинденскиот марш
Учесниците на овогодинешниот 39 - ти Илинденски марш поминаа низ Велес. По традиција положија цвеќе пред споменикот подигнат во чест на велешките илинденци, Алабакот, Докурчев Офицерчето.
Велес е редовна станица на сите Илинденскиот марш. Коњаниците изразија голема благодарност до Градоначалникот Чадиев и Општината за поддршката која ја добиваат секоја година.