Градоначалникот Чадиев во посета на Бијело Поље
Градоначалникот Славчо Чадиев со претставници од Општина Велес деновиве беше во работна посета на Општина Бијело Поље, Црна Гора. Тој таму оствари срадба со Градоначалникот Александар Журиќ на која се разговараше за идна соработна помеѓу двете Општини во повеќе области.
Истовремено се направија и контакти за меѓурегионална соработка на Вардарскиот регион со Северниот регион во Црна Гора и Регионот Кубешов во Полска.
Досегашните средби од овој тип се покажале како многу успешни. Производ на тоа е успешната соработка со Новогард и регионот Голенов во Полска.