Започна реконструкција на урбаната опрема во паркот пред ООУ „Васил Главинов“
Работници од јавното комунално претпријатие Дервен од денеска започна со реконструкција и замена на дел од урбаната опрема во паркот пред ООУ „Васил Главинов“
Санирани се летниковците и клупите. На овој начин се подобруваат условите за одмор и рекреација во едно од најомилените места на граѓаните на Велес.
Воедно Општина Велес упатува апел до сите граѓани за посовесно и одговорно постапување со урбаната опрема. Таа е поставена за сите граѓани и истата треба да ја чуваме сите.
За замена на уништена урбана опрема или реконструкција на делови од неа локалната самоуправа во текот на годината троши значителна сума на финаиски средства кои можат да се употребат на места како има потреба од некаков друг инфраструктурен зафат.