ЌЕ СЕ ГРАДИ ВОДОВОД КОН СЕЛАТА РАШТАНИ И БУЗАЛКОВО.
Населените места Раштани и Бузалково ќе добијат чиста вода за пиење од градскиот водоснабдителен систем. Општина Велес започна со реализција на проектот „Водоснабдување на Раштани и Бузалково“.
Во текот на вчерашниот ден е објавен јавен повик за изградба на овој капитален проект. Јавниот повик е предвиден за првата фаза за што локалната самоуправа има издвоено 10 милиони денари од Буџетот.
Трасата на цевководот ќе изнесува 9,5 километри. Дел од проектот е изградба на препумпна станица затоа што таа поминува низ карактеристичен предел.
Согласно роковите за реализација на тендерската постапка се очекува градежните работи да започнат за еден месец.
Реализаијата на овој проект е еден од приоритетите на месните заедници во Раштани и Бузалково. На тој начин ќе се реши проблемот во водоснабдување за двете населени места во кој живеат околу 4000 граѓани.