Фудбалска академија „Нацев“ на прием кај Градоначалникот Чадиев

Настапот на големиот меѓународен турнир во Холцен, Република Чешка е повод за денешниот прием кој го организираше Градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев со членовите на Фудбалската академија „Нацев“. Фудбалерите од генерацијата 2005 и 2006 беа најдобри на турнирот и го освоија првото место во конкуренција на повеќе од 30 фудбалски клубови.

Градоначалникот Чадиев им го честиташе постигнатиот успех и им посака во иднина да продолжат со добрите настапи и фудбалски развој ,но при тоа на прво место секогаш да им биде образованието. Во наредниот периот Фудбалската академија „Нацев“ ќе настапи на турнир во Неготино, потоа на градскиот стадион во Велес следува натпревар со екипа од Лесковец, а пред почетокот на новото првенство можно е да се реализира и гостување во Бугарија.