Градоначалникот ги презентираше состојбите и долговите на Општина Велес

Градоначалникот на Општина Велес Аце Коцевски денеска јавно на прес конференција ги презентираше состојбите и долговите во кој е локалната самоуправа.
Општина Велес во моментов должи 169.197.606 денари или 2.751.180 евра. Најголем дел од 87 милиони денари е кон ЈКП Дервен, а помеѓу поголемите побарувачи се градежните компании и превозниците.

Како еден од поголемите проблеми се посочува превработеноста во општинската админитрација и во ЈКП Дервен.
Во изминатиот период откако е на функцијата Градоначалник Коцевски констатирал работа во корист на политички партии во работно време, неовластена промена на податоци во системот за работно време, екстремни и насилнички пораки спротивно на етичкиот и морален кодекс кој кон него биле упатувани од административните службеници на социјалната мрежа Фејсбук, агитирање во работно време од страна на претставници на Општинската изборна комисија, како и тешки злоупотреби на возилата.
Општина Велес има сериозни проблеми со затоплување на општинската зграда затоа навреме што не е распишан тендерот за таа намена. Не се обезбедени ниту материјали за огрев во дел од училиштата. Најалармантно е во подрачните уличишта на ООУ „Васил Главинов“ во селата Клуковец, Бузалково, Раштани и во населбата Превалец.
За да се стабилизира финасиската состојба спогодбено раскинати се договорите за изградба на првата фаза од Покриениот градски пазар и кружниот тек кај Панини, чија што реализација значеше скоро 12 милиони денари. Во наредниот период ќе се направат напори истото да се направи и со проектот за изградба на водоводна линија од Раштани до Бузалково.
Градоначалникот Коцевски денеска информираше дека пешачкиот мост во Башино Село кој требаше да ги спојува селските гробишта со црквата, иако има одобрение за градба, не е поставен затоа што нема сообраќајна согласност од Агенцијата за државни патишта. Кога истата ќе се добие објектот ќе биде поставен.
Во текот на денешниот ден Агенцијата за млади и спорт до Општина Велес испратила согласност со која се бара да се посочи локација на која општината ќе гради затворен пливачки базен со димензии 32 метри должина и 22 метри ширина. Тоа е едно од предизборните ветувања кое е на добар пат да биде реализирано.