50-ти Детски рацинови средби
Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски денеска ги отвори јубилејните 50-ти „Детски рацинови средби“. Во салата „Бели Мугри“ пред присутните тој го изрази своето задоволство од големиот интерес за учество на манифестацијата која ја промовира поезијата, Коста Рацин и секако Општина Велес. На овогодинешните Детски рацинови средби учествуваат 100-тина ученици со нивните ментори од цела Република Македонија. На манифестацијата денеска беа доделени наградите за најдобрите од литературниот и ликовен конкурс.
Се одржа ликовна работилница, а на спомениците на Рацин во центарот на градот и кај гимназијата делегации положија свежо цвеќе. Симболично во знакот на јубилејот, во Градскиот парк, ќе се засадат и 50 рози за Рацин, а во Сокачето на поезијата ќе се одржи поетско читање на наградените творби по што ќе се посетат ликовната и грнчарската работилница кои се одржуваат со спомен куќата на поетот. Во текот на утрешниот ден ќе се одржи поетски караван низ Општинските основни училишта и Детски градинки, а ќе се промовира и книгата за деца „Марта“ од писателот Горјан Петрвски. Организарот на Детските рацинови средби е Клубот на писетали „Коста Солев Рацин“ од Велес, а покровител на манифестацијата е Општина Велес.