Одбележан 9-ти Ноември Денот на Општина Велес

Со свечена академија Општина Велес денеска го одбележа 9-ти Ноември. Градоначалникот Аце Коцевски во своето обраќање порача дека Велес има нешто што многу градови во светот го немаат: Неговата културна разноликост, неговите етнички заедници кои овде со векови делат едно небо и една земја. Таа вековна сплотеност може да ни биде адут повеќе на патот кон иднината. Во наредниот период локланата самоуправа ќе работи на реализација на проекти кои ќе значат напредок за градот.

Нашата визија е овде да има место во кое граѓаните ќе бидат во центарот на вниманието со нивните барања, потреби и проблеми. Место на среќни семејства и задоволни граѓани. Општина со максимално искористени креативни потенцијали на секој поединец и организација.Општина во која младите генерации ќе гледаат иднина и убави услови за живеење. На манифестацијата традиционално се доделија највисоките награди и признанија кои им се доделуваат на поединци или организации, здруженија кои во изминатиот период придонеле за промоција на градот на домашен и меѓународен план. Наградата за животно дело „Гемиџии“ за 2017 година им беше врачена на: - Академик Катица Ќулафкова - д-р Данчо Марковски - др. Стојан Кулеџиовски Спомен плакета на Општина Велес за 2017 година се додели на: - Команда за обука и доктрини на АРМ – Центар за индивидуална обука Велес - „Димко Митрев“ АД увоз – извоз Велес - Младен Најдовски – Бади - Петар Печков - Карате клуб „Гладијатор“ Велес - Милан Цветко Станојковски Благодарница за 2017 година добија: - д-р Тони Тодоровски - Димче Зафировски - Семејство Димови - Организациски одбор на Велешки пливачки маратон - Атанас Крлевски Пофалница за 2017 година се додели на: - Здружение за заштита на животните „Гласот на животните“Велес - Камерен црковен хор „Св. вмч. Пантелејмон“ - Димче Наумовски, Далибор Шаптев Јефремовиќ и Благој Маневски Пред присутните денеска настапи етно групата „Баклава“, а во холот на Театар Џинот беше поставена изложба на стари фотографии од Велес.