Билатерална средба со делегацијата од Слобозија

Градоначалникот Аце Коцевски ја прими делегацијата од збратимениот град Слобозија, Република Романија предводена од градоначалникот на Слобозија Адриан Моциониу.
Долгогодишната успешна соработка и перспективите за продлабочување на пријателството преку конкретни активности и проекти беа во фокусот на средбата.
Како што нагласи градоначалникот Коцевски, соработката со Слобозија е особено значајна на планот на евроинтеграциите и перспективите на Велес и Македонија за динамичен економски и социјален развој.

Градоначалникот Моциониу изрази подготвеност за реализација на заеднички активности преку формирање тимови во двете општини за размена на искуства и знаења како и заедничка апликација на проекти во европските фондови.
На средбата беа разгледани аспектите на организација на општините и процесот на децентрализација во двете земји, обемот на надлежностите и начинот на финансирање на општините. Двајцата градоначалници заклучија дека има голем простор за продлабочување на соработката и заедничка реализација на активности на планот на размената на искуства, евроинтеграциите, економската и културната размена.
Делегацијата на градот Слобозија престојува во Велес во рамките на одбележувањето на 9-ти Ноември, Денот на Општина Велес.