Младиот научник Тони Тодоровски на средба со Градоначалникот Коцевски
Градоначалникот Аце Коцевски денеска оствари средба со др. Тони Тодоровски, добитник на наградата Благодарница 9-ти ноември.
Тодоровски кој живее Барселона Шпанија каде работи на Институтот Биомедицински истражувања деновиве престојува во својот роден Велес. Денешната средба беше прва можност Градоначалникот Коцевски да се запознае со овој млад научник кој го промовира Велес во Европа.
Тој изрази задоволство од успехот на Тодоровски на европската научна сцена. „Мило ми е што наш сограѓанин постигна толку големи успеси. Ви честитам лично и во име на општината и ви посакувам да нижете успеси и да продолжите да не претставувате во Шпанија и Европа“,рече Коцевски.
„Навистина ми е драго што некој се сетил и знае дека има велешани кои го претставуваат својот град во светот, рече Тодоровски.
Тој се заблагодари уште еднаш за наградата и го информираше градоначалникот за тековните проекти на кои самостојно работи.
Инаку, Тони Тодоровски е дел од научниот тим на истражувачи на Институтот за Биомедицински истражувања во Барселона, Шпанија (IRB Barcelоna). По завршувањето на Природно математички факултет отсек хемија во 2004-та заминува од Велес и неговиот научен развој го проширува во Лајпциг Германија и Барселона Шпанија како стипендист на европската програма „Марија Кири“.
Тој со своите 36 години постигна да биде научник, кој работи на лек за ретки болести. Проектите на кои работи Тодоровски можат да се применат за лечење на дегенеративни болести, кои го зафаќаат мозокот како што се Алцхајмеровата, Паркинсова болест како и ретката болест – Фридрих атаксија.
Празничните денови се добра можност да го посети семејството во Велес и барем накратко да се одмори од предизвиците во животот.
Како што рече Градоначалникот луѓето како Тодоровски им се потребни на Велес и Македонија и сите овде се надеваме дека еден ден ќе одлучат да се вратат и да инвестираат во своите градови.