На јавна расправа Градоначалникот ја претстави визијата за Велес
Во просториите на Општина Велес денеска се одржа Јавната расправа „Визија за Велес“. Пред голем број на граѓани, Градоначалникот Аце Коцевски понуди нови, модерни и современи решенија за многу објекти во сопственост на општината кои во моментов се целосно неискористени, оставени на забот на времето или пак само делумно се користат. Во презентацијата се посвети внимание на одржливоста на објектите, енергетската ефикасност, инфраструктурата, интернакцијата и други фактори.
Во новата визија за Велес беа опфатени: Домот на АРМ, паркинг просторот во центарот на градот и кај Градскиот саат, кејот на Вардар, изградба на мала чаршија од левата страна на градот, можно решение за локален железнички собраќај Чашка-Велес-Градско, изградба на паркова површина во центарот на градот, зградата на синдикатот, хотелот „Вила Зора“ поранешното ООУ „ЈХК Џинот“, гаражите на ЈКП Дервен во населба Тунел, зградата на локалната библиотека, поранешниот Диспанзер за белодробни заболувања, просториите во зградата спроти СВР Велес, објектот каде се сместени пратеничките канцеларии, дел од матичните служби до противпожарнната единица, делот од железничката пруга која е на пониско ниво од улиците и може да се покрие по што просторот да се користи за други цели, зградата на улилиштето во Горно Оризари, поранешното училиште до затворот во Долно Оризари, канцеларизајата во Иванковци која беше граѓански центар на услуги. Според Градоначалникот Аце Коцевски вечерашната јавна расправа е многу важна за општината и за локалната демократија воопшто.
Таа е првиот чекор по кој се утврди во која насока ќе се движи Велес во иднина. Идеите на сите се добредојдени. Размената на мислења ќе помогне во среднорочниот и долгорочниот разој на градот. Мислењето на граѓаните е многу важно.
Просторот се уредува за сите нив. Во големата сала на Општина Велес присувствуваа претставници на месните и урбаните заедници, вработени во институции, невладиниот сектор, но и архитекти, сегашни и во пензија кои се вклучија во дебатата и дадоа многу конструктивни предлози. На јавната расправа присувстуваше и Огнен Марина, Декан на архитектонски факултет и Божидар Миљовски градежник-визионер чие име стои на познати градби во светот.
Тие јавно искажаа подготвеност да помогнат со сите свои капацитети при изготвување на дел од проектите кои се предвидени за реализација во наредниот период.