Новогодишна свеченост – Општина Велес додели награди и стипендии

Во просториите на Општина Велес, денеска се одржа традиционалната новогодишна свеченост на која градот им се заблагодари на поединци или организации кои во изминатата 2017 оствариле резултати или ангажман со кој се издвојуват од останатите. Во своето обраќање пред присутните Градоначалникот Аце Коцевски порача дека 2017 Година беше многу тешка година, политички турбулентна година со многу ризици и неизвесности, година која треба што побрзо да ја заборавиме, и да посакаме да не ни се повтори.

Состојбата е сериозна, бара од нас одговорност, штедливост, домаќински однос и грижа буквално за секој денар на граѓаните што се слева во општинскиот буџет. За мене лично овој миг, оваа средба е чудесна. Зошто ретко во животот се случува мозаикот на настаните да се спои така што ќе не врати на нашата изворна мисија. Но, тоа е животот. Секогаш убав во својата непредвидливост, особено кога ќе ни ги спои патиштата и ќе не насочи сите кон некоја заедничка, цел, проект, визија.

Затоа што на крајот на краиштата она што најмногу вреди е Велес, неговите граѓани, неговата притаена и изразена убавина, неговата иднина. Во овој миг, неколку дена пред да зачекориме во таа неизвесна иднина, би сакал да Ви кажам дека сум оптимист за она што допрва доаѓа. Силно Верувам дека Велес може да биде поубав, почист, поуреден и посреќен град. На новогодишната свеченост се додели наградата најстудент Прод. Др. „Ѓорѓи Шоптрајанов“ за 2017 година која и припадна на Надица Шкрекова, студент на Мединскиот факултет со просек 9,92.

Советот на Општина Велес донесе Одлука за учебната и академската 2017/18 година да додели стипендии на 10 средношколци и 10 студенти. Во категоријата средношколци стипендии добија: Стојан Илиевски, Зорица Стојанова, Александар Милошевиќ, Даниела Василевска, Љубица Филипова, Никола Стоименов, Ристе Хаџиев, Ристе Мулев, Бојана Кацарова и Тамара Малинова, додека во категоријата студенти: Маја Костадинова, Надица Шкрекова, Ирена Христова, Клементина Ѓорѓиевска, Аргина Ѓорѓиевска, Тамара Савевска, Марија Мијакова, Елена Шкрекова, Изабела Апцева и Сандра Ташковска.

ОСУ „Јовче Тесличков“ е науспешно во собирање на електронски отпад, а сецата од Детската градинка „Димче Мирчев“собраа најмногу отпадни батерии, хартија и пет амбалажа. Пофалници за успешно спроведување на акцијата за прибирање на отпад им се доделија на: ООУ „Васил Главинов“, ООУ „Св.Кирил и Методиј“, ООУ “ЈХК-Џинот“ и ООУ „Рајко Жинзифов од Оризари. Во чест на нивните заложби и годинава непрофитното друштво „Нулта Отпад“ обезбеди пригодни награди. Велешанецот Тодор Митушевски, со години, со своја воља, совест и хумано срце, секој месец од пензијата одвојува извесна сума на средства и ја донира за Општинската Организација на Црвениот крст и за други хумани цели.

Затоа ја доби наградата за континуирана хуманост и помош на граѓаните на Велес. Оваа година ја вративме традицијата за наградување на луѓе кои се докажале со својата професионалност и посветеност. Од редот на административните службеници награден е Љупче Андреевски, раководител на Одделението за финасиски прашања, додека за Снежана Дервишова, советник во Одделението за изградба и одржување на комунална инфраструктура и Наташа Калешова вработена во Одделението за правни, општи работи се додели признание за 10 години континуирана успешна работа во Општина Велес. Денешната манифестација со свои настапи децата од Детските градински и од музичкото училиште „Стефан Гајдов“.