Советот за развој на Вардарски регион ја одржа 2-та седница

 

Градоначалниците од Вардарскиот регион во Центарот за развој со седиште во Велес, ја одржаа 2-та седница на Советот за развој на Вардарскиот плански регион. Дневниот ред имаше пет точки.

Присутните се запознаа со пректот „Воспоставување на ЛЕАДЕР пристапот во Вардарскиот плански регион“, кој го презентираше претставникот од Асоцијацијата за иновации во руралната средина. Овој проект е поддржан од Швајцарската амбасада и се реализира во сите плански региони во државата.

На 2-та седница Советот ги усвоија Акциониот план за 2017 година за спроведување на Програмата за развој на Вардарскиот плански регион (2015-2019) и Финасискиот план за 2018 година на Центарот за развој на Вардарскиот плански регион.