Доделени награди и признанија за најдобрите спортисти за 2017

Кајакарот на клубот Вардар од Велес Енис Небиовски е избран за најдобар спортист на град Велес на изборот кој традиционално го организира Сојузот на спортови поддржан од Општина Велес. Тој во годината која е зад нас стана Државен сениорски првак во к1.Вице првак во 3хк1,учесник на европското во тимско возење – 7 место, 8 место на светското првенство во тимско возење, прво место на Велес опен, победник на илинденски кајак слалом Велес, трето место на отворено првенство Велес.

Листата на 10 најуслешни спортисти ја сочинуваат:

  1. Енис Небиовски ККК Вадрар
  2. Ивица Илиев ГРК Борец
  3. Љубомир Спасиќ-кајакар ККК Гемиџии и ККК Арка – Борец
  4. Марија Ѓоргиева-од центарот за боречки вештини Будо
  5. Анѓелина Панова-член на атлетскиот клуб Изгрев
  6. Драган Ванов- мото Велес
  7. Тале Трајков- ФК Борец
  8. Сашко Ивковиќ- ГОК Борец
  9. Христијан Ванчевски-МВК Велес
  10. Никола Зафирчев - КК Борец Баскет

Во екипна конкуренција почестите се за кајак кану клубот Бабуна кое се избрани за најдобра екипа во 2017 пред КМФ Велес и МВК Велес.

Сојузот на спортови оваа година како најталентирани млади играчи ги прогласи: 

  • Ѓорги Бановски - каратист на Гладијатор
  • Ненад Антиќ – стрелаштво
  • Стојанче Илиевски – РК Велес
  • Ангела Димова – кајакар на Бабуна
  • Елена Џунова – тенисер
  • Ѓоре Ѓошевски – кошаркар на Борец баскет
  • Бојан Владов – одбојкар наГОК Борец
  • Ане Ташевски – фудбалер на Борец
  • Енгин Дестанов – член на центарот за боречки вештини Будо
  • Jован Васиќ – каратист на Гладијатор -
  • Мартина Борова – одбојкарка на Борец
  • Кадир Камбери – Борач на БК Борец
  • Виктор Ванчевски – велосипедист на МВК
  • Ангел Петрушевски –кајакар на Вардар
  • Филип Николов – ракометар на ГРК Борец.

Во категоријата екипно млади комисијата одлучи сите 3 екипи да бидат исто рангирани: Кајак кану клубот Врадар, Младински велосипедски клуб Велес и Карате клуб Гладијатор. Најдобар тренер е прогласен Васко Василев од ГРК Борец. Кај младите категории признанија понесоа Христијан Николов од МВК Велес и Димче Стефановски од ККК Вардар.

За успеси со државните селекции наградени се Боби Војниновски и Игор Мицевски. Големиот вљубеник во спортот, а посебно во фудбалот Ѓорги Минов е добитник на наградата за животно дело, а ракометниот голман Виктор Гигов е прогласен за амбасадор на велешкиот спорт. Тој своевремено започна во Борец,а потоа со успех го настапуваше во Младост од Богданци,на Исланд, во Југ ос Куманово, Цриквеница Хрватска, Аполон од Грција, Короса Јужна Кореа, Мерсин Турција,Кајсери и последна дестинација Селка Спор Турција.

Новинарот Петар Печков од порталот tirekovmirece.com и Регионалната телевизија К-1 добија признание за своето известување за спортот во 2017 година. Со почебно приознание на овогодинешниот избор се закитија: Љубчо Ѓоргиев-член на планинарско друштво Чеплес, Зоран Димов –атлетичар и Тодорче Горгиев ,Зоран Дуков и Кире Димов од планинарско друство Чеплес.

Боби Војдиновски од карате клубот Гладијатор е прогласен за најдобар судија, а велешкиот атлетски полумаратон најдобра манифестација. Во рамки на училишниот спорт најдобро училиште е прогласено ССОУ „Коле Неделковски, а најдобар спортски педагог е Ангелче Гушев.