Одлуката за организирање и дефинирање на условите за доставување на стока на подрачјето на Град Велес
Врз основа на Одлуката за организирање и дефинирање на условите за доставување на стока на подрачјето на Град Велес, правните и физичките лица можат да вршат достава на стока во определените зони во следните временски интервали:
1. Доставувањето на стока во зоната на централното градско подрачје (дефинирана со улиците:„Благој Ѓорев“, 8-ми Септември“, „Илинденска“, „Никола Оровчанец“, Гоце Делчев“, „Страшо Пинџур“, „Алексо Демниевски Бауман“) е дозволено секој ден во временски период од 23.00 до 06.00 часот и од 09.30 до 11.30 часот.
1.1. Во централното градско подрачје во временскиот период декември-февруари доставувањето на стока ќе се врши само во период од 18.00-07.30 часот
2. Доставувањето на стока во зоната до и од градските пазари (дефинирана со улиците: „11-ти Октомври“, „Нада Бутникошарова“, „Петре Прличко“, „Кресненско востание“, „Димитар Влахов“) е дозволено секој ден во временски период од 04.00 до 07.00 часот, 12.00-14.00 часот и од 18.00 до 20.00 часот.
3. Доставувањето на стока на сите преостанати улици во Велес е дозволено секој ден во временски период од 23.00 до 06.00 часот и од 09.30 до 11.30 часот.
За да можат правните и физичките лица да доставуваат стока во Град Велес потребно е да обезбедат Одобрение од надлежен орган од Општина Велес.
Максимална дозволена вкупна маса на возилата со кои ќе можат да вршат достава на стока во град Велес е пропишана и изнесува 7 тони.
Доставувањето на стока може да се реализира доколку со тоа не се загрозува безбедноста на сообраќајот на пешаците и возилата, за што одговорноста е на носителот на одобрението за доставување на стока.
Стоката не смее да биде оставена на тротоар или на друга сообраќајна површина додека трае доставувањето на истата. По завршувањето на истоварање и товарање возилото треба веднаш да се отстрани од јавната сообраќајна површина.
Истоварање и товарање на стока од возилата по правило се врши на коловоз со вклучување на сите покажувачи на правец за движење.
Забрането е запирање или паркирање на возилата за достава на стока во крстосници и на пешачки премини.