Средба за уредување на состојбите во такси превозот

 

Нелојална конкуренција, узурпирани и неодбележани паркинг места, инспекциски и сообраќајни контроли. Ова беа темите на денешниот состанок одржан во кабинетот на Градоначалникот Аце Коцевски, а на кој присувствуваа претставници од Здружението на Авто-такси превозници, Раководителот на Одделението за инспекциски надзор во локалната самоуправа и претставник од СВР Велес.
Градоначалникот Коцевски на средбата порача дека сега е најдобар момент да се воведе ред во такси превозот. Тој на присутните претставници на Здружението на авто-такси превозници им понуди соработка и безрезервна поддршка.

Во овој момент со лиценци за работа сообраќаат 150 возила, а без лиценца има помеѓу 100 и 150.
Претставникот на СВР Велес на средбата посочи дека во последниот период има големо и видливо придвижување на сообраќајот во позитивна насока. Сообраќајните службеници се присутни на крстосниците и на градските улици со цел подобар проток на сообраќајот. Анализите на полицијата покажале дека такси превозните се доста дисциплинирани бидејки во мал процент учествуваат во сообраќајните незгоди.
На средбата пристутните ги донесоа следните заклучоци:
1. Такси превозот потребно е да се регулира, поаѓајки од фактот дека значењето на оваа дејност е многу голема за квалитетот на животот за граѓаните во Велес.

2. Општина Велес, СВР Велес и Здружението на такси превозници се единствени во ставот дека состојбите засега не се добри и мора да се најде решение

3. Општина Велес се обврзува:
- Да врши редовни инспекциски контроли во текот на сите 24 часа од денот без никаква најава,
- Да обезбеди хоризонтална и вертикална сигнализација на такси постојките,
- Да се организиранова нова средба на која ќе бидат присутни претставници од УЈП, трудовата и пазарната инспекција
- Преку ЗЕЛС да се направи кампања за подигнување на јавната свест за уредување на состојбите во такси презовот. Во кампањата да бидат вклучени: Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот, Авто мото сојузот, Здруженето на возачи, Такси превозниците и други релевантни фактори во оваа област,

4. СВР Велес во иднина преку сообраќајната полиција да прави почести контроли на такси возилата,

5. Здружението на такси превозници да влијае кај своите членови да се почитуваат законските одредби.
За три месеци ќе се одржи втората средба на која ќе се направи првична анализа за ефектите кои ги даваат мерките и активностите од денешниот состанок.