Новогодишно – божиќен концерт на класична музика во Велес
Во организација на Општина Велес и Ротари клубот вечерва во салата „Бели Мугри“ се одржа Прв новогодишно-божиќен концерт на класична музика. Пред љубителите на класичната музика настапи Дуото „Белгониа“ составено од Петре Штерјов и Бенџамин Думонт. Тие изведоа дела од Јохан Кристоф Фридрих Бах, Франц Шуберт и Морис Равел. Дуото „Белгониа“ е формирано во 2015 година.
Велешанецот Штерјов и Белгиецот Думонт досега имаат остварено многу заеднички перформанси во Белгија и во Македонија, а во нивниот репертоар освен светските познати композиции има и дела од македонски композитори. На концертот присувствуваше Градоначалникот Аце Коцевски, Претседателот на Советот на Општина Велес, советници, раководители на институции, истакнати граѓани од јавниот и приватниот сектор, лица од културата, здравството, невладиниот сектор, спортот, итн. Со композиција од Моцарт како пред изведувач на концертот настапи Љубица Миланова, 12 годишна ученичка - пијанистка во седмо одделение при ОМУ „Стефан Гајдов“ од Велес.