Честитка од Градоначалникот Коцевски по повод 8-ми Март

Градоначалникот на Општина Велес Аце Коцевски, на припадничките на понежниот пол им  го честиташе 8-ми Март, меѓународниот ден на жената.

Порачувам уште повеќе да се борат за поголеми политички, економски и социјални права на жените  во нашето општество и за поголемо учество на жените во политичкото одлучување и во раководењето на фирмите и со јавните институции. Им порачувам да не дозволат да бидат застапени во проценти само заради принципот на родова еднаквост, туку пред се и над се заради нивните способности, стручност и компетентност, знаење, умеење и чесност.

Посакувам да бидат рамноправен столб во општеството како што се и во нивните семејства и да бидат предводници на промените во општеството за доброто на сите нас.

Со почит,

Градоначалник на Општина Велес

Аце Коцевски