Велес ќе добие стратегија за развој „Паметен град“
На денешната прес конференција Градоначалникот ја извести јавноста дека до Советот на Општина Велес доставил предлог одлука за изработка на документ, Велес паметен град – Стратегија за развој 2018-2030. Паметен град е град што ја користи информатичко комуникациската технологија за подобрување на квалитетот на живот на своите граѓани, за зголемување на достапноста, за подобрување на квалитетот на јавните услуги, за зголемување на конкурентноста со обезбедување на потребите на сегашните и идните генерации со одржлив развој на стопанството и со искористување на ограничените ресусрси и со зачувување на животната средина.
Паметен град подразбира иновативен и ефикасен пристап на управување со градот, со неговите ресурси, со процесите и со јавните услуги, што овозможува соодветна примена на развиени дигитални решенија. Врамнотеженето користење на технологијата овозможува користење на напредни алатки, како и пристап до соодветни структурни податоци неопходни за носење на квалитетни одлуки и паметно управување со градот.
Паметното управување со градот овозможува:
1.Граѓаните да бидат во центарот на вниманието (со подобри услови за: живот, здравје, независност, образование, стандард, религија, јавни услуги, инфраструктура, вработување, социјализација и културна надрадба).
2.Развој на економијата (со: привлекување инвестиции, подтикнување на предприемништво, грижа за својот човечки потенцијал, зголемување на продуктивноста, промовирање на растот и подтикнување на конкурентноста).
3.Подобрување на пристапноста (со: независно живеење на животот на свој начин, учество во општествените текови по свој избор, обезбеден пристап на лицата со посебни потреби и на социјално загрозените граѓани на сите јавни услуги).
4.Планирање на развојот (на интегрален начин, со визија и стратегија, што ќе овозможи засилување на економијата, урбан развој и флексибилност во случај на промена на надворешните фактори или при појава на нови иновативни решенија).
5.Проактивност (со охрабрување на сите учесници за да ги користат податоците собрани од дигиталната инфраструктура со цел полесно да се утврдат причините, идентификување на проблемите и за носење на исправни одлуки).
6.Квалитетно управување (со оптимално искористување на ресурсите за реализирање на краткорочни и долгорочни развојни цели, со истовремена голема институционална и процесна транспарентност).
7.Отпорност на постојаните промени на пазарот (со јакнење на потенцијалот: на поединците, на заедницата, на институциите, на претприемачите и на системите за развој и за прилагодување).
8.Одржливост (со обезбедување рамнотежа помеѓу општествениот и економскиот развој, управување со животната средина и ефикасно урбано управување).
Со навременео прилагодување на промените и успешно совладување на предизвиците на 21 век континуирано ќе се подобрува квалитетот на живот со истовремена заштеда на ресурси преку инвентивност и иновации, со енергетска ефикасност и интелигентен сообраќаен систем.
Како што рече градоначалникот целта на стратегијата е Велес да биде: одржлив, зелен, дигитален, поврзан, креативен, отворен, споделен и привлечен град, град нa иднината