Решение за кучињата скитници – Отворено прифатилиште во Велес
Градоначалникот Аце Коцевски денеска го посети новоотвореното прифатилиште за кучиња скитници „Гиовски тим“. Лично ги виде условите за престој и третман на животните.
Тој го истакна неговото задоволство од потпишаниот договор со специјализирана фирма, која работи на оваа проблематика. Во пансионот за кучиња, лоциран во близина на село Војница, веќе се згрижени 40 единки. Законот на хуман третман на животните налага за најмногу 28 дена, секое куче откако ќе биде медицински третирано и безбедно, да се врати на локацијата од каде е заловено.
Од лице место, Градоначалникот денеска апелираше до граѓаните љубители на кучиња, дека во секое време бесплатно можат да вдомат куче и тоа да стене нивно домашно милениче.
Во изјава за медиумите Коцевски ја презентираше состојбата во згрижувачкиот центар на здружението на граѓани „Глас на животните“ и ставот за труењето на кучињата на јавните површини во градот.
Во продолжение погледете ја во целост изјавата на Градоначалникот Аце Коцевски при денешната посета на Пансионот за кучиња „Гиовски тим“.