Отпадот ќе се пресметува во м3
На предлог на Градоначалникот Коцевски, Советот на Општина Велес донесе одлука за промена на единицата мерка за пресметување на цената за собирање и транспортирање на отпад. Од први мај годинава, правните субјекти како фабриките, трговските центри, банките,хотелите, стовариштата, училиштата, градинките, здравствените установи и ординации ќе плаќаат по м3 создаден отпад.
Со ова, на голем дел од правните субјекти кои располагаат со големи површини, а создаваат помалку отпад, драстично ќе им се намали надоместокот што го плаќаат за собирање и траанспортирање на отпадот. Од друга страна, сите кои што располагаат со помала површина, а создаваат големи количества отпад ќе платат толку колку што ќе создадат отпад.
За сите оние кои ќе селектираат отпад и селектираниот отпад ќе го предадат на ЈКП „Дервен“, ќе добијат попуст од 5% за секој м3 собран селектиран отпад, од износот на надоместокот. Со оваа одлука, доследно ќе се примени принципот Загадувачот плаќа и ќе обезбеди правично и законско решение