Честитка по повод 8-ми Април, Меѓународен ден на Ромите

На овој голем празник за сите припадници на ромската етничка заедница, би сакал во свое лично име, во име на Советот на Општина Велес и во име на граѓаните, да Ви го честитам 8-ми Април, Меѓународниот ден на Ромите.

Ви благодарам за Вашиот придонес во развојот на Велес, вашите заложби за интеграција и нови активности и програми што придонесуваат за активно учество на ромската заедница во создавањето на општина посакувана за живот за сите граѓани.

Општина Велес во соработка со граѓанскиот сектор ќе продолжи да работи на проекти за поддршка на ромската заедница во Велес и ползување на сите креативни потенцијали и специфични културни обележја кои се богатство за нашата локална заедница.

Искрено,

Градоначалник 
на Општина Велес
  Аце Коцевски