Нов инфо – центар на „Дрекселмајер“ со канцеларија за регрутирање во Велес
Со цел поголема информираност и подобрен пристап до сегашните и идните вработени од Велес, компанијата „Дрекселмајер“ на 11 април годинава, отвори инфо -центар и канцеларија за регрутација во Велес. На свеченото отворање присуствуваше и градоначалникот Аце Коцевски.
Во центарот лоциран на улицата „Благој Ѓорев“ наспроти здравствениот дом, секој ќе може да добие подетални информации во врска со компанијaта, отворените работни позиции, како и директно да аплицира при процесот на вработување.
„Ја поздравувам оваа добра деловна одлука на „Дрекселмајер“ која ќе допринесе за подобрување на пристапот до нови работни места до Велешани. Се надевам овој центар ќе биде интересна локација за граѓаните кои бараат работа“, истакна Коцевски во своето обраќање. “
„Ова е трет инфо-центар на „Дрекселмајер“ во земјава. Имаме околу 1000 вработени од Велес и сакаме да вработиме и други од градот и околината - рече меѓу другото Лукас Мирингер, генерален директор на Дрекслмајер Македонија.
Општината останува отворена за соработка со сите странски и домашни инвеститори кои придонесуваат за растот на бројот на работни места и локалниот економски развој.