Повик за доделување на грантови
Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) преку програмата „Оджливо граѓанско општество: државно финансирање на граѓанските организации“ објавува јавен повик за доделување на грантови. Програмата ја имплементира МЦМС во соработка со Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) и Центарот за информирање, соработка и развој на граѓанските организации од Словенија (ЦНВОС). Програмата е финансирана од Европската Унија.
Целта на овој повик е да овозможи зајакнување на капацитети на граѓанските организации за транспарентно и отчетно работење. На овој повик може да се пријават организации кои се регистрирани согласно законот за здруженија и фондации и ги исполнуваат наведените критериуми во Упатството за аплицирање.
Целокупниот износ на финансиски средства кој е на располагање во рамките на овој повик изнесува 75.000 евра. Минимален износ за кој може да се достави предлог проект е 5.000 евра (307,500 МКД) додека максимален износ е 7.500 евра (461,250 МКД). За овој повик организациите кои ќе поднесат предлог проект треба да обезбедат кофинансирање.
Рокот за поднесување на апликации е 15 мај 2018 г. до 17 часот. Апликациите се доставуваат на адреса: „Никола Парапунов“ бр. 41А, пошт. фах 55, 1060, Скопје и тоа по пошта по препорачано писмо, по курир или лично на рака. Една организација може да се јави како апликант во само една апликација.
Линк за аплицирање