Велес домаќин на државниот натпревар на младите техничари и природници

Над 300 ученици од голем број училишта во Македонија на 15 април годинава имаа можност да ги покажат своите вештини во 23 области на техничките и природните науки, на натпреварот што се одржа во ООУ „Блаже Конески“.

Државниот натпревар на младите техничари и природници од РМ, педесет и петти по ред, беше организиран од страна на Народна техника на Македонија и Сојузот на клубовите на млади техничари и природници. Настанот се одржа со поддршка на Министерството за образование и наука на РМ, Општина Велес и ООУ „Блаже Конески“ како домаќин на натпреварот. Младите научници ги поздрави Душко Петров, претседател на Советот на Општина Велес и им посака успех на учесниците.
И годинава на натпреварот учествуваа ученици од велешките училишта и постигнаа забележителни резултати со 26 освоени медали во различни дисциплини.