Познат составот на жири комисијата за „Рациновото признание“ 2018

Организациониот одбор на културната манифестација „Рацинови средби“, на седницата одржана на 19 април годинава донесе повеќе значајни одлуки за успешна организација на манифестацијата.

Одборот во состав Аце Коцевски, претседател и членовите проф. д-р. Људмил Спасов, проф.д-р. Кристина Николовска, доцент м-р Гоце Ристовски и м-р Божидар Јовиќ,  во присуство на д-р Елена Јованова – Грујовска од Институтот за македонски јазик ги потврди датумите за одржување на манифестацијата „Рацинови средби“ од 13 до 15 јуни годинава.

Конкурсот за доделување на „Рациново признание“ за 2018 година ќе биде објавен до 30 април годинава.  Признанието се доделува за прозни, литературни остварувања на автори од Република Македонија“ објавени во периодот меѓу две манифестации „Рацинови средби“.  Пристигнатите дела на конкурсот ќе ги оценува жири во состав:  академик Луан Старова – претседател и членовите  проф. д-р Венко Андоновски и писателот Христо Петрески.

Содржините на 55-то издание на „Рациновите средби“ како и добитникот на Почесното Рациново признание  ќе ги соопшти градоначалникот Аце Коцевски на посебна прес конференција. На  годинешното  издание на „Рациновите средби ќе се додели и наградата  „Антологија на болката“ која за првпат  се доделува за најдобра електронска картичка со љубовни стихови објавена на социјалната мрежа Фејсбук.