Апел до граѓаните за поддршка во решавањето на проблемот со кучињата скитници
Општина Велес во изминатиот период изврши комплетен третман на 40 кучиња-скитници, а во постапка е третирање на дополнителни 20.
За секое третирано куче има комплетна документација во која се евидентирани генерални податоци за кучето и извршениот третман. Согласно законот, за секое куче има документ за идентификација во кој е наведен и бројот на маркицата со која е означено. Маркицата е со жолта боја.
Во текот на работата на терен од страна на стручните служби на Општина Велес и пансионот „Гиовски“ ангажиран за заловување и третман на кучиња- скитници забележана е појава на неконтролорано пуштање на домашни кучиња на улиците и јавните простори во Велес.
Со цел да се осигура безбедноста на сите граѓани, апелираме до сопствениците на домашни кучиња согласно законот да ги чипираат своите миленици и да го контролираат нивното движење. Законската постапка за третирање бара време и вклучува сложени процедури за да се обезбеди и благосостојба на животните. Општина Велес продолжува да работи на третманот на кучиња согласно законот.