115 години од Солунските атентати
Овој април се навршуваат 115 години од динамитните акции на Гемиџиите во Солун кога велешката интелигенција го разбранува светот „Арчејќи се себе си за Македонија“.
Денес 115 години потоа, општински делегации се поклонија пред паметникот подигнат во нивна чест и уште еднаш потсетија за подвигот на Гемиџиите.
Во април 1903-тата во Солун оваа група македонски анархосоцијалисти меѓу кои и синови на богати трговци, минираат објекти во Солун во кои е инвестиран странски капитал.
Во воздух биле кренати бродот „Гвадилкивир“, Отоманската банка, Електричната централа, а бил направен обид во воздух да се крене и централната пошта во Солун и да се минира железничката пруга Солун - Деде Агач.
Со саможртвувањето, една младост, Гемиџиите, поголемиот дел од нив велешани, имаа за цел да го свртат вниманието на Европа на неподносливите услови во кои живее македонскиот народ под османлиското владеење.