Велешките средни училишта меѓу најдобрите на спортската Гимназијада Тетово 2018

Во периодот од 10-12 мај 2018 год. во организација на Федерацијата на училишен спорт, во Тетово се одржа единаесетата државна спортска манифестација на средни училишта „Гимназијада Тетово 2018”.

Учесниците се натпреваруваа во повеќе спортски дисциплини и тоа: фудбал, кошарка, ракомет и одбојка во машка и во женска конкуренција. На натпреварувањето учествуваа околу 1000 средношколци од 56 екипи од средните училишта во државата како и над 100 професори по спорт и спортски активности.

Женската фудбалска екипа на СОУ “Гимазија Кочо Рацин“ го освои  првото место,  а машката фудбалска екипа стигна до финалето и го освои второто место. ССОУ “Коле Неделковски“ во дисциплината одбојка- машки го освои третото место.  Одбојкарската екипа на СОУ Гимназија „Кочо Рацин“ го освои петтото место. Учениците се натпреваруваа под менторство на професорите Ангелче Гушев,  Иле Попов и Диме Тодоров.