Старт на работите за бетонирање на улицата „Кирил и Методиј“

На 16 мај годинава (среда) ќе започне реализацијата на градежните работи за реконструкција (бетонирање) на улицата „Кирил и Методиј“. Планираната реконструкција ќе се изврши на потегот од улицата „Климент Охридски“ (кај јаворот) до спојот со улица „Максим Горки“, поточно до месноста викана „Мегдан“.

Градежните активности ќе продолжат до сабота 19.05.2018 година, поради што улицата ќе биде затворена за секаков вид на сообраќај. Со реализација на проектот ќе се решат проблемите што настанаа како последица на неодамнешните поројни дождови  и ќе се олесни  комуникацијата на возилата и пешаците кои гравитираат на тој дел од градот.