Започнаа 55. Рацинови средби

Со оддавање почит на Спомен костурницата и спомениците на Рацин во центарот на Велес и пред гимназијата што го носи неговото име, на 14 јуни годинава започна 55-то јубилејно издание на Рациновите средби.

Делегации на Општина Велес, Семејството на Рацин, Друштвото на писатели на Македонија, Општинската организација на  Сојузот на борци, АРМ, училишта, локални установи, политички партии и здруженија на граѓани му оддадоа почит на основоположникот на македонската современа поезија и литература Коста Солев Рацин.Драган Миландиновски читаше стихови од збирката „Бели Мугри“. Во чест на поетот, во Рациновата шума на Спомен-костурницата добитникот на Рациновото признание Игор Станојоски и  добитничките на Почесното Рациново признание Дијана Влатковиќ и Борјана Прошев Оливер засадија млади садници.