ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА ИНВЕСТИЦИИ
Денес, г-ѓа Зорица Апостолска, министерка без ресор во Влада на република Македонија задолжана за странски инвестиции, заедно со своите соработници, пред триесетина претставници на претпријатија од Велес ги презентираше мерките од Законот за финансиска поддршка на инвестиции.
Во детали беа претставени мерките од трите столбови за економски раст на Владата на Република Македонија. За поддршка на инвестиции, за поддршка на конкурентност и за поддршка на иновативност.
Присутните ја искористија можноста да коментираат и да постават прашања. Се очекува повеќе претпријатија од Велес да ја искористат можноста што е создадена, со што ќе се создадат претпоставки за побрз економски развој, за зголемување на индустриското производство, со што ќе се зголеми бруто домашниот производ.