Во чест на Рацин – изложба на академскиот сликар Ангел Петров
16 портрети на Коста Солев Рацин, дело на академскиот сликар Ангел Петров, за првпат пред македонската јавност беа претставени на изложбата отворена во театарот „ЈХК-Џинот“ во рамките на Рациновите средби.
Анита Василкова-Мидоска, директор на Народниот музеј-Велес. „Низ илјадниците слики кои ја имаа истата тематика и кои пред нас го овековечуваат ликот на Кочо Рацин постои еден калеидоскопски безграничен пејзаж во кој се преплетуваат внатрешните немири, пориви, настани и премрежја низ кои поминува нашиот поет, а кој низ прангите на историскиот залог, толку величествен и толку мистичен, ги проткајува во својот уметнички сенс и ракопис авторот на овие слики“, рече Мидоска. Дијалогот помеѓу поетот и ликовниот уметник може да се види во холот на театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“.