Нова поштенска марка со ликот на Рацин
Во рамките на 55-то издание на Рациновите средби, „Македонска пошта“ промовираше ново филателистичко издание со ликот на Рацин.
Поштенската марка ја промовираше Данчо Стојановски, директор на Центарот за информатичка технологија на АД „Македонска пошта“. Новата поштенска марка која Македонска пошта ја издава по повод 75 години од смртта на на Коста Солев Рацин е дело на авторот Лариса Живковска Донев, издадена е во тираж од 6000 примероци, а нејзината номинална вредност е 18 ден. Пред македонската јавност поштенската марка во голем формат ја презентираа Градоначалникот Аце Коцевски и Данчо Стојановски.