Велес домаќин на форум посветен на проблемот со дезинформации и лажни вести

Во организација на УСАИД, ФИООМ Владата на Република Македонија, на 19 јуни годинава, Општина Велес беше домаќин на Форум за јавни политики насловен: СПРАВУВАЊЕ СО ДЕЗИНФОРМАЦИИТЕ – Комбиниран пристап на властите, граѓанското општество и медиумите за долгорочни решенија.

На форумот присуствуваше Министерот за информатичко општество и администрација кој укажа на фактичката ситуација: „Симболика е тоа што се гледаме во Велес и тоа не е случајно, можеби немаше да биде така ако овие дебати ги водевме малку порано.

Исто така и ако транспарентноста беше многу поголема од властите на било кое ниво за да имаат граѓаните повеќе информации, за да не се создаде средина толку голема во која може да се шират лесно лажни вести.

Според Манчевски луѓето кои шират лажни вести го научиле занаетот од атмосферата во којашто живееле. „Ако владата премногу се вмеша во начинот на уредување на медиумите или ако воопшто се обиде да помисли дека треба да креира некакви политики во медиумите, тогаш тоа дефинитивно ќе значи диктирање на политиките во медиумите и тоа оваа влада никогаш нема да го дозволи.

Одговорноста на владата, локалната самоуправа и сите оние што работат за граѓаните е да пласираат точни информации“, рече Роберт Поповски, Министер без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност.

Изразувајќи жалење што поради лажните вести на Велес му се случи негативен имиџ во светските медиуми, Градоначалникот Аце Коцевски укажа на потребата од системско решение: „Според мене одговорот е во синергијата, синхронизираноста и взаемната поддршка. Локалната самоуправа не може многу сама, но доколку успееме заеднички да обезбедиме системски приод кон прашањето на комуникацијата особено на социјалните мрежи, ако ги здружиме силите со надлежните државни институции, ако се организираме преку ЗЕЛС во соработка со медиумите, здруженијата на граѓани кои работат во оваа област и ако и понатаму ја имаме поддршката на УСАИД, ФИООМ, Европската Унија можеме да постигнеме многу повеќе од изолирани обиди да го надминеме проблемот“, рече Коцевски.

На форумот присуствуваа претставници на Центарот за стратегиски истражувања и документација, Македонскиот институт за медиуми, Македонскиот сервис за проверка на факти од медиумите,Институт за политички истражувања, експерти за човекови права, претставници на медиуми и здруженија на граѓани.