Авионското прскање против комарци со контрола на Центарот за јавно здравје
На 6 -ти јули годинава, компанијата „БОНИЕР“ од Куманово изврши авионско прскање против комарци на подрачјето на Општина Велес.
Согласно договорот помеѓу општината и компанијата, за авионска апликација на средство за аеросолна дезинсекција, прскањето е изведено со средството АУРОДИЛ СУПЕР Б, биоциден производ за уништување на летечки инсекти произведен од ЛОДИ ГРУП, Франција. Производот е одобрен од Бирото за лекови за употреба во јавен простор и не е штетен за луѓето. Полнењето на авионот и прскањето на подрачјето на општината беше изведено под надзор на стручно лице од Центарот за јавно здравје - Велес.