Уреден просторот на ул. Андон Шурков
Општина Велес во соработка со ЈКП „Дервен“ на ул. „Андон Шурков“, на просторот каде бесправно беа поставени лимени гаражи се одигна зелена површина. Просторот се расчисти од отпад, се изгради пешачка патека, се постави систем за наводнување и се засади трева.
Во текот на активноста не се пресече ниту една садница од постоечкото зеленило кое во минатото било засадено од страна на жителите од околните објекти за индивидуално и колективно домување.Бидејќи просторот дозволува, во есенскиот период ќе се изврши ополнително засадување на садници.
Општина Велес им се заблагодарува на граѓаните кои покажаа разбирање и соработка во отстранувањето на бесправно поставените објекти и општествена одговорност заради поголем јавен интерес.
Општина Велес не застанува тука. Секоја испланирана локација согласно намената во деталните урбанистички планови ќе се реализира, со посебен акцент на заштитата на животната средина и подобрување на условите за живот на граѓаните.
На фотографиите подолу е прикажана локацијата пред и потоа.