На секое дете му треба семејство - Велес 12.07.2018

Почитувани сограѓани,

Општина Велес во соработка со Министерството за труд и социјална политика и СОС детското село Ве поканува на 12 јули 2018 година, со почеток во 18 часот, во амфитеатарот на Младинскиот парк, со Вашето присуство да ја поддржите кампањата „На секое дете му е потребно семејство“.

Кампањата за зајакнување на свеста за можностите за згрижување на децата без родители се организира со поддршка на УНИЦЕФ. Присутните ќе имаат можност да добијат детални информации за оваа благородна кампања и активностите што се спроведуваат во Република Македонија.

На настанот ќе настапат членовите на балетското студио „Анабела“. Да ја покажеме хуманоста на Велес, придружете ни се заедно да се посветиме на среќата на децата.